• Саше Љолес
Управата на Бешикташ остана со празни раце откако Жозе Мурињо реши да го преземе Фенербахче, но сериозно работи на доведување квалитетен тренер кој му биде голема конкуренција на Португалецот во турската Суперлига.
Навивачите на Бешикташ беа разочарани откако „договорениот трансфер на Мурињо“ пропадна, но сега на големо се зборува дека во Истанбул наскоро ќе пристигне Хрватот Славен Билиќ.
Искусниот тренер и во минатото го предводеше Бешикташ (2013-2015 година), а во моментов работи во саудискиот Ал-Фатех. Се претпоставува дека управата на турскиот гигант ќе успее да издејствува предвремен раскин на договорот и наскоро се очекува Билиќ да се врати во Бешикташ.
Вчера во Турција најспомнувана опција за „бело-црните“ беше Норвежанецот Оле Гунар Солсјкар.