• Мартин Танасковски

Пред извесен период се појави вест за соработка меѓу екипите на Вардар и Бешикташ и скаутинг службата, меѓутоа, како што велат од Турција, такво нешто не постои.
Вардар пред неколку дена објави дека имал гостин во Скопје од турскиот тим и дека е отпочната соработка за во иднина, но Бешикташ се огласи со соопштение и потенцира дека вестите од Скопје мора да се земат за резерва.
„Веста која се појави за договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонски Вардар не е вистинита. Најљубезно ги молиме нашите навивачите да не даваат внимание на вакви вести, туку на нашите информации достапни за јавноста“, стои во краткото соопштение од турскиот шампион.
На фотографијата која ја објави Вардар беше и новиот сопственик Слободан Крстевски. Засега, нема повеќе информации на оваа тема од најтрофјениот македонски фудбалски клуб кој моментално игра во ВМФЛ-Запад.
- Објавените вести за соработка и за демантот:

