Бешикташ има 48 часа да го позајми Диего Коста од Челзи

Првакот на Турција, Бешикташ има големи шанси до крајот на преодниот ро во Турција (8 септември) да донесе големо засилување во името на напаѓачот Диего Коста.

„Орлите“ на Шенол Ѓунеш сакаат да потпишат со Бразилецот со шпански пасош најдоцна до јануари, а потоа Челзи да го продаде во Атлетико Мадрид, штом ќе биде отворен зимскиот преоден рок и ќе истече казната на мадридскиот клуб. 

Коста не е во сметките на менаџерот на првакот на Англија, Антонио Конте, а и не е пријавен за групната фаза на Лигата на шампионите.