ВИДЕО: Бешикташ го сруши лидерот, драма за титулата во турската Суперлига

Откако постигнаа седум гола на гостувањето кај Ризеспор, фудбалерите на Бешикташ триумфираа во уште едно дерби во рамките на Суперлигата во Турција. Избраниците на Шенол Ѓунеш го срушија лидерот Истанбул Башакшекир со 2-1 (1-0) и ја закомплицираа трката за титулата.

„Бело-црните“ го надиграа лидерот и благодарение на Хачисон и Бурак Јилмаз го свртеа резултатот, откако гостите поведоа со голот на Робињо. Дуелот беше тензичен, често се користеше ВАР-технологијата, а покажани беа и многу жолти картони.

  • Извештај од натпреварот: 

На шест кола до крајот Истанбул Башакшекир има шест бода повеќе од Галатасарај и осум од Бешикташ, но шампионот може да дојде до -3 ако утре извојува победа против Фенербахче на Ељиф Елмас.

Големото турско дерби се игра утре во 18:00 часот на „Шукру Сарачоглу“.