Бешикташ го регистрира Бесар Гуџуфи во прв тим за новата сезона

Македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од оваа сезона и официјално ќе има право да игра за турски Бешикташ во Суперлигата и еврокуповите.

17-годишниот македонски фудбалер поради правилата затоа што уште не е полнолетен не можеше да потпише професионален договор со екипата и слично како што Елмас беше со Фенербахче, така и Гуџуфи играше во У19-тимот на Бешикташ.

Но, турскиот гигант сериозно гледа на македонскиот фудбалски талент, па од следната сезона тој ќе биде со првиот тим. Турските медиуми објавија дека лиценцата на Гуџуфи е веќе обезбедена и тој ќе може да игра за најдобриот тим.

Гуџуфи во тимот на Бешикташ пристигна во 2021 година од струмичка Беласица. Претходно, тој настапуваше и во екипата на Вардар.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.