ВИДЕО: Бешикташ доминираше, но Демба Ба му донесе триумф на Башакшекир

Екипата на Истанбул Башакшекир славеше на домашниот дуел против Бешикташ со 1-0 (0-0), со што се врати на врвот во турската Суперлига. Иако гостинот беше далеку подобар ривал, Демба Ба му даде гол на својот поранешен клуб и ја донесе победата за сегашниот тим. 

  • Извештај од натпреварот: 

Уште во првиот дел Бешикташ покажа дека е дојден по триумф на „Фатих Терим“, но одбраната на Башакшекир беше на ниво. Заканите на Кевин Принс Боатенг и Диаби во неколку наврати беа лесно запрени, а најзрелата шанса ја пропушти Мохамед Елнени

Второто полувреме беше многу поинтересно од првото, а гостите ја имаа првата шанса кога Хачинсон се најде во изгледна позиција, но не го погоди голот. Веднаш во наредната акција стигна казната преку Демба Ба, кој стрелаше за 1-0. Течеше 51. минута кога Един Вишча упати прецизен длабочински пас до Ба, за Сенегалецот да го матира Кариус од зицер позиција. 

Бешикташ веднаш по примениот гол притисна, но Мерт Гунок на противничкиот гол бранеше одлично. Принс Боатенг имаше нова можност да израмни, но ударот со глава по корнер одново го одбрани Гунок. Во самиот финиш Демба Ба можеше одново да погоди кога истрча контра, мина неколку противнички играчи, но беше непрецизен во завршницата. 

По овој важен триумф, Истанбул Башакшекир ќе отпатува во Лисабон, каде во рамките на Лигата на Европа гостува кај Спортинг на Стефан Ристовски.