„Беше забрането, но бев многу нервозен и морав да запалам цигара во соблекувалната“

Најдобриот полски голман, Војчех Шчесни моментално е чувар на мрежата на италијанскиот шампион Јувентус, но призна дека времето кое го минал како член на Арсенал нема никогаш да го заборави.

30-годишниот голман се потсети на перидот кога менаџер на „топџиите“ беше легендарниот Арсен Венгер, односно на неговата глупост по која доби парична казна од раководството на клубот. 

„Тогаш пушев цигари редовно, а менаџерот го знаеше тоа. Тој не дозволуваше да пушиме во соблекувалната, сите знаевме дека ќе бидеме казнети за тоа. Се сеќавам на еден пораз кој многу ме погоди. Се сокрив на крајот од соблекувалната и запалив цигара. Не можев да издржам и морав да го направам тоа, затоа што бев многу нервозен. Неколку дена потоа Венгер ме праша дали е тоа вистина и јас без размислување признав. Ме казнија парично, па не ја повторив истата грешка“, открива полскиот голман.

Шчесни во Арсенал пристигна во 2006 и по неколку години минати во младинските категории дебитираше за првиот тим. По девет години минати на „Емирати“ го напушти клубот и се пресели во Рома, од каде направи трансфер во Јувентус.