Беше пред трансфер во Интер, но реши да настапува за Лидс Јунајтед!

Босанскиот репрезентативец Тарик Мухаремовиќ е пред трансфер во Премиер лигата, јавија повеќе англиски медиуми. 

Стоперот на Сасуоло летово се поврзуваше со повеќе клубови, меѓу кои беше и италијанскиот шампион, Интер, но реши да го прифати предизивикот од Англија и ќе се пресели во редовите на Лидс Јунајтед. 

За неговите услуги имаше голем интерес уште од Борнмут и Сандерленд, но според информациите, Лидс му понудил петгодишен договор со плата од околу 3,5 милиони евра по сезона. 

Сасуоло за трансферот очекува нешто повеќе од 40 милиони евра, а половина од оваа сума ќе му припадне на Јувентус, кој има загарантирани 50 проценти од идната продажба на Босанецот. 

Мухаремовиќ настапи за својата земја на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде Босна и Херцеговина беше елиминирана во 1/16 финалето од Соединетите Американски Држави.