• Саше Љолес
Десниот бек на Вест Хем Јунајтед, Арон Ван-Бисака, доби повик од репрезентацијата на Конго и можеби ќе настапува за земјата од каде влече корени во своето потекло.
Ван Бисака е роден во Англија и настапуваше за младинските категории на „Гордиот албион“, а двапати доби повик и за сениорскиот тим, но не настапи ниту еднаш поради тоа што во тие моменти беше повреден.
Токму затоа Конго се обидува да го привлече и да му понуди да настапува за националниот тим, каде сигурно би бил огромно засилување и би претставувал вистинско освежување за навивачите.
Кариерата ја започна во Кристал Палас, од каде за сума од 55 милиони евра премина во Манчестер Јунајтед и се задржа скоро шест години. Од минатата сезона настапува за лондонските „чекани“.