Беше капитен на Милан, па го освои Купот со Болоња – а сега потпиша со ПАО!

До пред осум месеци беше капитен на еден од најголемите клубови во Италија, а сега Давиде Калабрија ги изненади сите со изборот на нов клуб. 

Италијанскиот бек потпиша тригодишен договор со грчкиот гигант Панатинаикос и ќе игра во нашето соседство. Изборот на клуб е навистина изненадувачки, бидејќи не се гледа често трансфер на 28-годишен фудбалер од Италија во Грција

Минатата полусезона Калабрија со успех настапуваше за Болоња со која го освои и трофејот во Копа Италија. Претходно целата своја кариера Калабрија ја мина во Милан, каде што дебитираше во првиот тим пред десет години. 

Исто така, Калабрија има и седум настапи за репрезентацијата на Италија, а освен Купот двапати го креваше трофејот во Суперкупот и беше калчо првак.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.