Беше еден од најголемите таленти на Италија, а сега пак тешко се повреди

Стефано Сенси е дефинитивно еден од најнесреќните фудбалери во поновата ера во Италија. Овој 27-годишник своевремено важеше за еден од најголемите таленти на „чизмата“, кога во 2019 година од Сасуоло пристигна на „Џузепе Меаца“. По блескавите партии во Сасуоло, нискоградениот фудбалер заедно со Николо Барела дојдоа да бидат следните носители на Интер

Сепак, ако Барела успеа во своите планови, кариерата на Сенси тргна во надолна линија. Главна причина за падот на играчот не беа неговите настапи, туку честите повреди. Сенси за Интер одигра само 52 натпревари, а оваа сезона беше позајмен во Монца и беше еден од носителите на играта. 

На пресметката меѓу Монца и Верона (2-0), во самиот финиш Сенси доживеа нова тешка повреда. Играчот беше на раце изнесен од теренот, повредата уште од стартот изгледаше дека е посериозна, а сега се потврди дека се работи за фрактура која пак ќе го оддалечи од терените. Нема сомнеж, Сенси е еден од најголемите баксузи во фудбалска Италија.