Беше дел од најголемиот мундијалски скандал, а сега му пропадна трансферот во Англија!

Францускиот прволигаш Монако имаше бурен финиш на преодниот рок, но не успеа целосно да ги реализира плановите за намалување на трошоците за плати. Клубот во средата потврди дека германскиот дефанзивец Тило Керер заминува на позајмица во Ајакс, додека Фоларин Балогун сепак останува во Кнежевството.

Керер, кој во Монако пристигна во јануари 2024 година, падна во втор план кај новиот тренер Филипе Луис, зад Ерик Дие, Садибу Сане и Кристијан Мависа. Поради тоа, германскиот репрезентативец ќе ја помине следната сезона на позајмица во Ајакс, без опција за откуп. Холандскиот гигант ќе ја покрива целата негова плата.

Сепак, Монако во последен момент остана без планираната продажба на Балогун. Американскиот напаѓач требаше да се пресели во Евертон за трансфер кој можеше да достигне околу 50 милиони евра со бонуси, но договорот пропадна.

Според информациите од медиумите, фудбалерот кој што беше дел од најголемиот скандал на СП наводно не го поминал целосно лекарскиот преглед, а дополнителни несогласувања се појавиле и околу условите за неговата плата. Така, Монако остана и без значајниот приход од продажбата и без можност да се ослободи од неговата висока плата.

На крајот, клубот барем успеа да го намали финансискиот товар со заминувањето на Керер во Ајакс, но Балогунот останува во тимот и претставува дополнителен трошок за Монако, кој е под притисок да ги контролира расходите.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.