• Мартин Танасковски

Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот фудбал, Бесарт Ибраими, е стрелец на првиот погодок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) сезонава.
Напаѓачот реализира на мечот меѓу Струга Трим Љум и Победа (1-0). Пред финишот на првиот дел новиот напаѓач Укпа го пронајде Ибраими во казнениот простор, а тој ја смести топката во мрежата на Тофиловски.
Струга е нов клуб во портфолиото на Ибраими во кој дава гол во ПМФЛ. Претходно тоа беа Влазрими, Напредок, Ренова и Шкендија.