• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Бесарт Ибраими продолжи да игра во добра форма за грчки Ксанти и со погодок го однесе тимот во следната фаза од Купот на Грција.
Ксанти на гостински терен славеше над Продефтики (0-2), а Ибраими беше стрелец на првиот погодок на натпреварот кој падна во 25. минута.
Ибраими, кој во Грција се пресели во Шкендија, игра во одлична форма затоа што погоди двапати и на претходниот натпревар од првенството против Караискакис.