Бесарт Ибраими двоен стрелец за Ксанти во Грција

Македонскиот напаѓач Бесарт Ибраими имаше одлично попладне во втората лига на нашиот јужен сосед Грција.

Доскорешниот играч на Шкендија беше двоен стрелец за неговиот клуб Ксанти кој запиша убедлива победа кај Кавала (0-6). Пет од шесте гола во мрежата на противникот паднаа во првото полувреме, а Ибраими стрелаше во 6. и 14. минута.

Ибраими и неговиот тим по три кола немаат пораз во грчката Суперлига 2 и се наоѓаат на втората позиција.