Бесарт Ибраими: Ако сме порешителни, ќе ги вратиме работите во наша корист

Можеби нема причини за аларм и загриженост, но загубените два бода во Кратово, за актуелниот шампион Шкендија веќе се вознемирување. Лошата есен, тренерската смена, заостанувањето зад Вардар не дозволуваат грешки оваа полусезона.

Тетовчани одиграа 0-0 во неделата во Кратово, но еден од лидерите во тимот на Ернест Ѓока, Бесарт Ибраими преку социјалните медиуми на клубот им се обрати на навивачите. 

„Можеби сме малку разочарани од крајниот резултат во Кратово, но нема да дозволиме да ги загубиме желбата, волјата и ентузијазмот. Треба да отвориме нова страница и да бидеме порешителни, со цел да ги вратиме работиме во наша корист. Сметаме на вашата поддршка“, се обрати до фановите преку социјалните мрежи Бесарт Ибраими.

Веќе в недела Шкендија има нов тест против Македонија Ѓорче Петров, па со оглед на големото заостанување зад лидерот Вардар, тетовчани немаат повеќе право на грешка. По две пролетни кола Вардар има големи десет бода повеќе од Шкендија.