Бесарт Абдурахими официјално е нов член на босанскиот Зрињски

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Бесарт Абдурахими, официјално потпиша договор со босанскиот прволигаш и актуелен Куп-освојувач, Зрињски Мостар. 

33-годишниот фудбалер во минатото одигра 12 натпревари за македонската репрезентација и постигна еден спектакуларен погодок против Луксембург, a инаку потекнува од школата на хрватскиот НК Загреб. Потоа беше дел од повеќе екипи, како Хапоел Тел Авив, Локерен, Астана, Шкендија, Партизани Тирана и Рудеш. Последен ангажман му беше во кипарскиот Аполон Лимасол, за кој одигра 16 мечеви и постигна два гола. 

Се очекува Абдурахими да биде големо засилувње за тимот, а неговиот договор е со важност до крајот на следната сезона. Во првенството Зрињски има големо заостанување зад Борац Бања Лука (12 бода), но уште е во игра за одбрана на Куп-трофејот.