ВИДЕО: Бесарт Абдурахими даде деби-гол за Партизани

Македонскиот интернационалец Бесарт Абдурахими се запиша во листата на стрелците на последниот меч за Партизани и го постигна првиот гол во новата средина во Албанија.

Абдурахими со Партизани со 3-0 славеше на гостувањето кај Лачи, а го постигна вториот гол на средбата. Фудбалерот кој се пресели од Шкендија во Албанија, успеа да погоди во 85. минута откако си создаде простор и пласираше во долниот агол од голот на противникот.

Партизани се бори за место во Европа, а токму Лачи е нивен ривал за едно од местата кои носат излез во европските купови.