Бесар Исени направи трансфер во Косово, ќе игра за Феризај

Поранешниот македонски младински репрезентативец Бесар Исени има нов клуб и пролетниот дел од сезоната ќе го мине во дресот на Феризај од Косово.

Трансферот го потврди косовскиот клуб, а Исени не го криеше своето задоловство од постигнатиот договор.

„Задоволство е што денес постигнав договор со Феризај, клуб со многу професионален проект, кој не ми остави многу простор да размислувам за други понуди. Многу сум возбуден за оваа нова авантура. На навивачите им ветувам дека на секој натпревар ќе го давам максимумот, за заедно да ја постигнеме целта“, рече Исени.

Бесари кариерата ја започна во Шкупи, а потоа две сезони играше за Вардар. Пред да се пресели во Албанија во тимот на Тирана, во Македонија настапуваше уште за Струга Трим Љум и Велазерими.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.