Бесар Гуџуфи заврши со Бешикташ и се врати во Шкупи

Поранешниот шампион на Македонија, Шкупи, објави уште едно засилување за новата сезона во Првата фудбалска лига.

Во Чаир се врати Бесар Гуџуфи, кој минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во младинскиот погон на Бешикташ, а сега се очекува да го пренесе стекнатото искуство и да биде солидно пополнување на ростерот. Гуџуфи игра на позицијата лево крило, а во кариерата претходно ги бранеше боите на Беласица и Вардар

Шкупи ја започна сезоната во ПМФЛ со ефикасно реми против Воска Спорт (3-3), а во следното коло избраниците на тренерот Ернест Ѓока ќе се соочат со амбициозниот тим на Гостивар

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.