Бесар Гуџуфи продолжува во Партизани Тирана

Доскорешниот младински репрезентативец на Македонија, Бесар Гуџуфи, замина од Шкупи и кариерата ќе ја продолжи во Албанија.

20-годишниот крилен играч преговараше со клубови од соседните земји, а изборот падна на тимот на Партизани Тирана. Се очекува Гуџуфи наскоро да му се приклучи на тимот на подготовките.

Гуџуфи за Шкупи оваа полусезона одигра 12 натпревари на кои даде еден гол и една асистенција. Претходно тој настапуваше и за У19 тимот на Бешикташ, како и за тимовите на Беласица и младинскиот погон на Вардар.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.