• Саше Љолес

Екипите на Беса и Тетекс одиграа ефикасен пријателски натпревар во пресрет на почетокот од новата сезона во ВМФЛ.
Двата тима се во завршна фаза од подготовките за новите предизвици и одиграа дуел во кој Беса триумфираше со убедливи 4-1.
Единствениот погодок за Тетекс беше дело на Михајло Јакимовски, додека кај Беса стрелци на головите беа Фитон Адеми, Арменд Алими, Кристијан Ивановски и Љавдрим Скендери.
Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 12 август. Беса ќе ја започне својата авантура со гостување во Кичево кај Осогово, додека Тетекс ќе отпатува во Прилеп, каде ќе се соочи со Победа.