Беса со шест гола во мрежата на Фортуна патува во ВМФЛ, промоција и за Братство од Житоше

Екипата на Беса од Добри Дол не дозволи изненадување во баражот и на убедлив начин ги отвори портите од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Во денешниот клучен натпревар од третолигашкото разигрување Беса ја оправда улогата на фаворит и со победата од 6-3 над Фортуна за идната сезона си обезбеди натпревари со Вардар, Силекс, Охрид..., односно настапи во ВМФЛ-Запад. Воска е вториот патник од Третата лига кој ќе игра во западната група на Втората лига. 

Познат е и последниот патник во Втората македонска фудбалска лига – Исток. Тоа е  Братство од Житоше, која на дуелот во Штип со минимални 1-0 славеше над Хоризонт Турново.