Беса продолжи да се засилува, го промовира и искусниот Силјановски

Новиот прволигаш Беса 1976 има активен ден и го промовира своето трето засилување за новата сезона. 

<<< - ПОВРЗАНО - Костадин Захов е новата „единица“ на Беса

<<< - ПОВРЗАНО - Меџит Незири промени клуб, но останува во ПМФЛ

 

Откако претходно се пофалија со потписите на Костадин Захов и Меџит Незири, уште едно искусно име доаѓа во Добридол. Се работи за Горан Силјановски кој доаѓа во Беса од редовите на Брегалница каде што ги мина последните две сезони. 

Претходно во кариерата во ПМФЛ искусниот играч за врска беше дел од Работнички, Вардар, Македонија Ѓорче Петров и Ренова. Исто така Силјановски играше во албанското првенство за Фљамуртари и Динамо Тирана.