• Мартин Танасковски

Екипата на Беса од Добри Дол продолжи да носи нови фудбалери во своите редови за пролетниот дел од сезоната кој следи.
Ново име во тимот е Аделин Казимов, 19-годишен играч кој настапува на левата крилна позиција. Доаѓа од тимот на ГФК Осогово, а претходно играше и за Локомотива Градско.
Беса заедно со Гостивар е најактивниот клуб во ВМФЛ-Запад на трансфер-пазарот. Тимот е претпоследен со 13 бода на табелата, но уште има шанси за опстанок, така што ќе се бори за спас до крајот.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.