Беса не се шегува, донесе засилување од Шкендија

Екипата на Беса испиша историја и во следната сезона за првпат ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, а најавува дека таму нема да има споредна улога.

Тимот од Добри Дол претстави уште едно сериозно засилување за прволигашките предизвици. Ново име во Беса е Башким Велија, кој во ланскиот шампион во ВМФЛ доаѓа од екипата на Шкендија за која во последователни две сезони одигра педесет натпревари во прволигашкото првенство.

Велија својата фудбалска кариера ја започна во Ренова, а пред да се пресели во Шкендија краток период ги бранеше боите на Лачи од Албанија.