• Мартин Танасковски
Тимот на Беса 1976 запиша нова победа на пријателските натпревари, откако тимот беше подобар од актуелниот македонски првак Струга Трим Љум (1-0).
Беса со новиот тренер Горазд Михајлов ветува. Екипата ја чека борба за опстанок, а оваа игра носи позитива кај играчите затоа што шансите за спас се реални ако тимот продолжи да игра во раков ритам.
Единствениот гол на „генералката“ пред продолжението на македонскиот шампионат падна во првото полувреме, а го постигна Шефит Шефити во 18. минута.