• Мартин Танасковски

Екипата на Беса од Добридол има ново име во своите редови и потпиша договор со напаѓачот Влатко Стојановски.
27-годишниот играч последната сезона ја мина во дресот на Работнички каде доживеа тешка повреда и беше надвор од терените подолго време.
Играчот претходно на домашната сцена играше и за Шкендија, Ренова и Металург, додека во странство беше дел од Сплит, Неретвац, Горица и Дугопоље во Хрватска, Ним и Шабмли во Франција и Септември Софија во Бугарија.
Сигурно е дека напаѓачот е добредојден за составот на Горазд Михајлов кој се бори за опстанок во ПМФЛ.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.