• Мартин Танасковски

Екипата на Беса од Добри Дол продолжува со реконструкцијата на тимот и донесе прволигашко име во своите редови откако постигна договор со Флорент Османи.
33-годишниот фудбалер кој настапува на крилната позиција беше дел од Струга Трим Љум од 2019 година и учествуваше во најголемите успеси на клубот. Иако не беше во тимот во евронастапите, беше голема поддршка за сите.
Двете страни решија да се разделат по крајот на есенската полусезона, а тој кариерата ќе ја продолжи во тимот на Беса кој е најактивен во овој преоден рок.
Пред да пристигне во Струга ТЉ, Османи настапуваше и за Гостивар, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, а има и авантури во косовска Лирија и турски 12 Бингол Спор.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.