• Мартин Танасковски
Новиот прволигаш Беса 1976 се реши да направи промена и го раскина договорот со актуелниот тренер Александар Таневски.
Популарниот Клајне го водеше тимот до историски пласман во Првата македонска фудбалска лига, но, сепак, лошиот старт на сезоната во лигата си го стори своето. По пет одиграни натпревари, Беса се наоѓа на деветтото место во ПМФЛ со една победа, едно реми и три порази.
Таневски во тренерската кариера претходно работеше како предводник на македонските прволигаши Македонија ЃП и Брера Струмица. Изненадува што тренерот е отпуштен по пласманот во осминафиналето од Купот на Македонија.
Новиот тренер дебито на клупата на Беса ќе го има против Пелистер на 22 септември на домашен терен.