Беса добива нов тренер, Јакупи си замина од столчето

Екипата на Беса од Добри Дол ќе добие нов тренер во следниот дел од сезоната, затоа што пред репрезентативната пауза си замина Менсур Јакупи.

Јакупи си поднесе оставка, па управата на Беса ќе мора да ангажира нов тренер за следниот дел од сезоната во кој ќе се бара опстанок. По шест кола, Беса има две победи, едно реми и три порази.

Тимот кој е новајлија во ВМФЛ-Запад се наоѓа на шестото место на табелата, а мечевите ги продолжува на 16 октомври на гости кај Велешта.