Беса доби нов чувар, Благојче Иванов меѓу стативите на второлигашот

Екипата на Беса од Добри Дол продолжува да ги засилува своите редови за претстојниот пролетен дел од сезоната кој следи.

Ново име во тимот е Благојче Иванов, 22-годишен чувар на мрежата кој доаѓа од тимот на ГФК Осогово, а претходно играше и за Саса, Победа, Вардар Неготино, Силекс... Со именувањето на Џенгис Реџепи на чело на тимот, Беса веќе доведе неколку квалитетни засилувања со кои значително ќе го подигне квалитетот во пролетната сезона.

Беса заедно со Гостивар е најактивниот клуб во ВМФЛ-Запад на трансфер-пазарот. Тимот е претпоследен со тринаесет бода на табелата, но уште има шанси за опстанок, така што ќе се бори за спас до крајот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.