Бернардо Силва е МВП на првото издание на Лигата на нации

Генијалниот офанзоивен фудбалер за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва е прогпасен за најкорисен фудбалер (МВП) на првото издание на Лигата на нации. Со неговата асистенција Гуедеш го постигна единствениот гол во финалето во кое Португалија ја совлада Холандија со 1-0.

Најдобар млад фудбалер е Френки Де Јонг од Холандија, човек кој беше прогласен за играч на натпреварот во полуфиналето против Англија. Најдобар стрелец на турнирот од четири натпревари во Порто и Гимареш е Кристијано Роналдо со три гола.

Дефанзивецот на Бенфика, Бруно Диаз беше играч на финалниот натпревар меѓу Португалија и Холандија.