Берлускони како во старите денови, испрати приватен авион по засилување во Хрватска

Силвио Берлускони откако го напушти кормилото во Милан, реши да се задржи во фудбалот и го презеде третолигашот Монца. Заедно со Адриано Галијани успеаја да го внесат клубот во Серија Б и за следната сезона се потребни засилувања. 

Тие беа заинтересирани за многу имиња со кои порано соработувале, а денес се засилија со Хрват кој има босански корени. Се работи за Мирко Мариќ од Осијек, кој ќе го предводи нападот на Монца во следната сезона. 

Она што е најинтересно е дека Берлускони продолжи како во старите добри денови и во Осијек го испрати својот личен приватен авион, со кој Мариќ ќе допатува во Италија и ќе стави потпис на договорот. 

Инаку, се работи за 25-годишен фудбалер кој изминатата сезона беше на врвот на листата на стрели, каде го делеше приматот со по 20 голови заедно со Чакташ и Чолак. Трансферот во Монца е вреден 4,5 милиони евра. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.