• Иван Димовски
Фудбалерите на Монца направија подвиг и го победија Јувентус со 0-2 во средбата од 20. коло на Серија А. Ова е вторпат сезонава новиот прволигаш да слави против „старата дама“, а играчите споделија интересен детаљ од божиќната прослава на клубот.
Имено, првиот човек Силвио Берлускони дал лудо ветување. Тој го зел микрофонот и изјавил пред сите:
„Пронајдовме добар, пријателски настроен тренер, способен да ги мотивира играчите. Ним им дадов дополнителна мотивација, им кажав: Ако го победиме Милан, Јувентус или еден од поголемите клубови, ќе им испратам полн автобус со проститутки“.
Берлускони дал изјава во свој стил, знаејќи го неговото бурно минато. По победата на Монца во Торино, самиот тој призна дека преку сто луѓе му се јавиле на телефон да го потсетат.
„Веќе добив преку сто телефонски повици, сите бараа да го исполнам ветувањето“, кажа Берлускони.
Дури и на социјалните мрежи, Монца објави интересна фотографија, од својот автобус како го напушта „Алијанц Стадион“ и над него е испишано името Јувентус.