Берлускони боледува од тешка болест и е хоспитализиран во болница

Претседателот на калчолигашот Монца и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони заболел од леукемија.

„Тој боледува од тешка болест на крвта. Тоа ја предизвика претходната хоспитализација“, вели изворот на националната телевизија.

86-годишниот политичар е хоспитализиран поради кардиоваскуларни и респираторни проблеми и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Ова е втора хоспитализација за Берлускони во последните неколку дена. Леукемијата била откриена при првата посета на болницата, додава „Кориере дело спорт“.

Берлускони беше сопственик на Милан во златната ера на „росонерите“ од 1986 до 2016 година, а во 2018 година ја презеде Монца и го внесе клубот во Серија А. Тој е лидер на партијата „Форца Италија“, а беше и премиер на својата земја во три мандати.