Берлин фаворит да биде домаќин на финалето на ЕП 2024?

Берлин

Европската фудбалска унија (УЕФА) наредната недела ќе го открие името на градот каде што ќе се одигра финалето на Европското првенство 2024.

Берлин се истакнува како главен фаворит во очите на германските медиуми. Извршниот комитет ќе ја соопшти конечната одлука во вторник. „Олимпискиот стадион“ беше местото каде се одигра мечот за титула на Светското првенство 2006. Така се очекува да биде и за две години, кога ќе биде познат новиот владетел на стариот континент.

Турнирот ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Франкфурт, Келн, Дортмунд, Гелзенкирхен, Дизелдорф, Лајпциг, Штутгарт, Минхен и Берлин.

Актуелен бранител на европската круна е селекцијата на Италија.