ВИДЕО: Беризо „удри“ по Мартино, возбудлива незгода на дуелот Мексико - Парагвај

Аргентинските стручњаци Тата Мартино и Едуардо Беризо се соочија еден против друг ноќва во пријателскиот натпревар меѓу Мексико и Парагвај. Мексиканците славеа со 4-2, а двајцата селектори се на самиот почетокот од новите работни места – за Мартино беше втор натпревар, а за Беризо деби.

Во второто полувреме при еден прекин, Беризо несакајќи ја удри топката во правец на Мартино, и таа за малку ќе завршеше во неговата глава. Инцидентот мина без последици или караница, туку со извинување и насмевка.

  • Погледнете го необичниот удар на Беризо со топката кон Мартино:

Мексико се подготвува за „Голд Купот“, а Парагвај за Копа Америка ова лето.