Бериша ја доби Влазнија на суд, ќе му стане соиграч на Блажевски

Македонскиот дефанзивец Седат Бериша може да бара нова средина, затоа што го доби случајот со албанска Влазнија на суд и стана слободен играч.

Бериша, кој има 28 години, пристигна во Влазнија во зимскиот преоден рок. Албанскиот прволигаш не му исплатил три плати, по што фудбалерот реши да ја побара правдата на суд. Институцијата застанала на негова страна и сега тој е слободен фудбалер.

Се шпекулира дека Бериша кариерата ќе ја продолжи во Тирана, каде пред извесен период пристигна и вардарецот Дејан Блажевски

Бериша покрај за тимот на Влазнија, играше за Ал Јахра од Кувајт, како и Шкупи, Металург и Шкендија, каде што помина најголем дел од кариерата. Има неколку настапи за младата селекција на Македонија, како и во еден пријателски меч за сениорската репрезентација.