ВИДЕО: Бериша херој, Леверкузен немоќен кај Аугсбург

Екипата на Баер Леверкузен не успеа експресно да им се врати на победите во Бундеслигата. „Фармацевтите“ беа во серија од пет победи, но, по поразот на дербито со Борусија Дортмунд, вечерва беа немоќни и на гостувањето кај Аугсбург

  • Извештај од натпреварот:

На отворањето на 19. коло во германскиот шампионат тимот од Баварија ја искористи својата шанса и со само еден постигнат гол забележа важна победа во битката за опстанок во елитата. 

По мирното прво полувреме, кое што заврши без поголеми возбудувања, одлучувачкиот момент на натпреварот дојде во 55. минута, кога Мергим Бериша го пронајде патот до противничката мрежа и погоди за голема радост на трибините.

По домашното водство момците на Чави Алонсо имаа тотална доминација на терен, креираа неколку шанси од изгледни позиции, но потфрлија во реализацијата и останаа со празни раце.

Состави

Jess Thorup

4-4-2

    Чаби Алонсо

    3-4-3