ВИДЕО: Бергер одбрани пенал во 98. минута, Германија ја освои бронзата од Олимписките игри

Репрезентацијата на Германија е освојувач на бронзениот медал на женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Париз, откако славеше над Шпанија со минимални 1-0 (0-0) и го освои третото најважно одличје.

Стрелец на единствениот погодок беше Џулија Гвин, која прецизно реализираше удар од белата точка во 64. минута, доволен за победа и големо славје за нејзиниот тим. Шпанките до крајот на натпреварот ја презедоа иницијативата и се изборија за пенал дури во 97. минута. Но, феноменалната Ан Катрин Бергер успеа да го скроти ударот на Алесиа Путељас. 

Германија прикажа солидна игра на олимпискиот турнир и беше само двапати поразена од ист ривал, селекцијата на Соединетите Американски Држави. „Панцерите“ на крајот сосема заслужено го завршија престојот во Париз на третата позиција во конечниот пласман. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во утрешното финале, за златниот медал ќе се борат Бразил и САД.