ВИДЕО: Беретини го „лечеше“ поразот од Ѓоковиќ со луда прослава на „Вембли“

Беретини

Матео Беретини доби мала утеха за поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон со победата на Италија на „Вембли“, во мечот за титула на Европското првенство против Англија.

Неговата репрезентација се израдува по пенал рулетот, а тенисерот заедно со својата девојка Аља Томљановиќ заборави на својот неуспех и се радуваше како мало дете за неговите сонародници.

Италијанскиот ас го доби првиот сет, но потоа загуби три сета во низа и мораше да му честита на Ѓоковиќ за новата титула на Грен слемот во Лондон.

Вечерта сепак за него заврши на позитивен начин, поради успехот на „азурите“ и освоената втора европска титула во историјата.