• Иван Димовски
Атлетик Билбао славеше во дербито од 15. коло на шпаската Примера против Атлетико Мадрид со 1-0 (0-0). Натпреварот на „Сан Мамеш“ долго време се играше „на нула“, меѓутоа на крајот херој на домашните беше Алекс Беренгер кој ја обезбеди победата.
- Извештај од натпреварот:
Во првиот дел во Баскија имаше неколку закани, ама не и голови. За гостите прв се закани Тиаго Алмада, додека во продолжението за домашните два обиди имаше Нико Вилијамс, но на одмор се замина со почетните 0-0.
Вториот дел беше вистинско тактичко надмудрување на Ернесто Валверде и Диего Симеоне и фудбалската убавина не беше на завидно ниво. Тврдиот меч го реши Беренгер кој во 85. минута пред самиот крај погоди за 1-0 по асистенција од Нико Вилијамс.
Атлетик Билбао е седмопласиран со 23 бода, додека Атлетико е три позиции погоре со 31.





