Берат Исмаил од Влазними го засили Борец

Новиот второлигаш Борец полека го оформува тимот за престојната сезона. Клубот утрово се „пофали“ со потписот на Берат Исмаил, кој доаѓа од екипата на Влазними од Кичево.

Станува збор за фудбалер кој ги мина сите младински категории на Вардар, играше и во младинската Лига на шампиони, а настапуваше и за Воска, Беса како и за турски Сиваспор.

Претходно од клубот ги промовираа засилувањата, голманот Петар Јакимов, поранешен голман на репрезентацијата на Македонија до 19 години, и Матеј Цветановски.

Новата сезона во Втората фудбалска лига (ВМФЛ) почнува на 10 август. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.