• Горан Упале

Фудбалерите на Сасуоло продолжуваат со одличните игри во Серија А. Избраниците на Алесио Дионизи стигнаа до четвртата првенствена победа во низа откако на својот „Мапеи стадиум“ ја совладаа Специја со минимални 1-0.
Со овој триумф „зелено-црните“ стигнаа до 36 бода, шест помалку од шестопласираната Аталанта, која е на позиција која води во квалификациите за Конференциската лига. Специја, пак, е прва „над линијата“ со пет бода повеќе од загрозената Верона.
- Извештај од натпреварот:
Домаќините беа далеку поопасен противник во текот на целиот натпревар, но мораа да чекаат до 71. минута за да постигнат гол. Тогаш Доменико Берарди, легендата на клубот, од пенал биеше прецизно и донесе голема радост на трибините.
Во следното коло Сасуоло ќе го пречека Торино, додека Специја ќе биде домаќин на Салернитана.