Бензема се израмни со легендарниот Раул, но Роналдо е предалеку!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, продолжува со голгетерската серија и нов погодок запиша и на натпреварот со Леванте во 36. коло на шпанскиот шампионат.

„Кралскиот“ клуб славеше со 6-0 на „Сантијаго Бернабеу“, а францускиот репрезентативец го запиша 27. гол на 31 натпревар оваа сезона во Примера, а има и 12 асистенции.

34-годишниот напаѓач се израмни со легендарниот Раул по бројот на постигнати голови за клубот од Мадрид - и двајцата сега имаат 323 гола.

Најдобар стрелец на сите времиња на Реал Мадрид е Кристијано Роналдо со 450 постигнати голови. Тимот од главниот град на Шпанија ја обезбеди шампионската титула, а се очекува Бензема да го продолжи договорот до летото 2024 година.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Alessio Lisci

    5-3-2