Бензема сакал да игра без плата за матичниот клуб, но се појавил неочекуван проблем!

Карим Бензема бил на чекор од сензационално враќање во Лион, клубот во кој ја започна својата блескава кариера, но сепак не успеал да се реализира договорот.

Според информациите на француски „Л'Екип“, Бензема неодамна ја завршил соработката со Ал Хилал и како слободен фудбалер ја разгледува својата иднина. Иако има 38 години, искусниот напаѓач бил исклучително заинтересиран последната сезона од кариерата да ја одигра токму во Лион.

Најинтересно е што Бензема бил подготвен да настапува без плата, со што сакал максимално да му ја олесни работата на клубот, кој се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Контакти меѓу двете страни постоеле и желбата за враќање била реална.

Сепак, времето било најголемиот проблем. Бензема не успеал навреме да ги расчисти сите обврски поврзани со неговиот ангажман во Саудиска Арабија, па трансферот не можел да биде реализиран пред затворањето на преодниот рок.

Така, пропадна идејата Бензема да ја заврши кариерата таму каде што сè започна, иако самиот Французин бил подготвен дури и да игра бесплатно за својот матичен клуб.