Бензема проговори за „паненката“ со Сити: Го чекав вистинскиот момент

Екипата на Реал Мадрид на голема врата се врати во домашниот и меѓународниот фудбал. Во Примера одново е шампион, додека во Лигата на шампионите за најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал ќе се бори со Ливерпул.

„Кралевите“ одиграа неверојатна елиминациона фаза. Беа поуспешни од ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити, а најзаслужен за овој успех е првиот голгетер на тимот Карим Бензема. А токму еден потег на Бензеним го одушеви фудбалскот свет, откако во полуфиналето на „Итихад“ при водство на Сити со 4-2, со „паненка“ од единаесет метри го совлада Едерсон.

„Го чекав вистинскиот момент како овој, ваков натпревар во кој има голем притисок. Токму таквиот притисок ви овозможува да правите големи потези“, рече Бензема.

Во реваншот, кој исто така е за паметење, Реал по продолжение славеше над Сити со 3-1. И тогаш Бензема беше еден од клучните актери и со погодок од пенал го одведе својот тим во големото финале кое ќе се игра во Париз.

Состави

Пеп Гвардиола

4-3-3

    Карло Анчелоти

    4-3-3