ВИДЕО: Бензема продолжува да „решета“ во Примера, Реал минимално го совлада Билбао

Карим Бензема уште еднаш покажа дека е водечка сила на овој Реал Мадрид и со нов негов погодок „кралевите“ впишаа нова значајна победа во шпанскиот шампионат. Во заостанатиот натпревар од деветото коло на Примера, мадридскиот гигант со минимални 1-0 славеше во дербито со Атлетик Билбао и дополнително ја зголеми бодовната позитива во однос на ривалите за шампионскиот трофеј. 

  • Извештај од натпреварот:

На „Сантијаго Бернабеу“ актерите на теренот приредија одлична фудбалска претстава, со огромен број шанси на двете страни, но мечот беше решен со еден потег на искусниот француски ас. 

Во 40. минута Бензема, по помалку среќно додавање на Лука Модриќ, го најде патот до противничката мрежа и ја продлабочи кризата на гостите. Атлетик Билбао со овој пораз е без победа во домашниот шампионат цели пет натпревари, додека „кралевите“ го впишаа петиот триумф во низа. 

Следен предизвик за Реал Мадрид на Карло Анчелоти одново е баскијски тим, односно гостување кај Реал Сосиедад, додека Атлетик Билбао викендов ќе се судри со Хетафе. 

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Marcelino

    4-4-2