Бензема откри зошто две години игра со скршен прст на раката

Карим Бензема настапува со успех за Реал Мадрид и репрезентацијата за Франција со повреден прст повеќе од две години. 

Францускиот голгетер заработи повреда на малиот прст на десната рака уште во јануари 2019 година, беше на операција која што не му помогна, а сега игра со искривен прст. Сепак, тоа не го спречува да настапува на врвно ниво, со бандажирана рака и да биде „убиствен“ за многу дефанзивни линии. 

„Веќе имав една операција и морав да паузаирам два месеци. Сакав да се вратам и повторно се повредив потоа. Сега немам време да запрам за нова операција, сакам да сум на терен“, истакна Бензема. 

Искусниот играч на Реал нема проблеми во играта, за тоа најдобро зборува неговиот последен натпревар. Во пресврт-победата на Реал против Селта, Бензема постигна хет-трик и беше најдобар поединец на теренот.